име на производот: Л-карнитин се употребува како додаток во исхрана, се зема по една капсула на ден или по препорака на доктор содржи 60 капсули цена: 1700 денари нарачка |
Л-Карнитин (L-Carnitine)Карнитинот е неесенцијална аминокиселина која врши трансфер на триглицеридите (масна киселина-долг ланец) до митохондријата. Во митохондријата се оксидираат триглицеридите и се претвораат во енергија. Карнитинот е единствен клуч кој ја отклучува мембранската ќелија и митохондријата за поминување на молекуларните масти.
Без него маста не би можела да се претвора во енергија, затоа недостатокот на карнитинот е проследен со умор и покачување на масните наслаги. Карнитинот во организмот се создава во црниот дроб и бубрезите со две есенцијални аминокиселини: лизина и метионина со витамините Б-6, Ц и железо. Природни извори се: авокадо, црвено месо и соја. Спортистите имаат повеќе потреба за карнитин отколку што нивниот организам може да произведе. Со земање на карнитинот како додаток во исхрана можат да се постигнат следните ефекти: -согорување на масти -овозможува митохондриите да користат масни киселини, односно да ги снабдуваат клетките со енергија -превенција и лечење на кардиоваскуларни заболувања -зголемување на мускулната маса и издржливост -потпомага раст и развој -забавување на создавањето на млечната киселина во мускулите -со аргининот ја зголемува подвижноста на сперматозоидите -помага кај хемотерапија, цитостатика и хипогликемија -ги ублажува нападите на ангина пекторис и поволно делува во лечење анемија, дијабетес, бубрези, црн дроб -карнитинот е незаменлива состојка за согорување на мастите и е во програмите на сите современи диети -срцето е зависно од карнитинот, а недостатокот може да предизвика оштетување на срцевото ткиво. Делува така што ги подобрува срцевите перформанси и снабдувањето на срцето со енергија, а помага и во регулирањето на срцевата аритмија. Со коензимот Q10 се користи и во терапија на кардиоваскуларни болести. -Карнитинот учествува во создавање енергија, ја зголемува снагата, енергетското ниво и издржливоста на организмот. -карнитинот ја зголемува делотворноста на субмаксималниот тренинг, му помага на организмот да издржи физиолошки напор и тренинг -штити од ладно, го зголемува аеробниот капацитет, а кај долготрајни тешки тренинзи штеди гликоген и на тој начин ги зголемува резервите со енергија при што се намалува појавата на заморот на мускулите, па затоа редовно го користат веслачите, ватерполистите, велосипедистите, фудбалерите, кошаркарите и други спортисти. |