име на производот: Ацидофу се употребува како додаток во исхрана, се зема по една капсула на ден или по препорака на доктор содржи 100 капсули цена: 1700 денари нарачка |
Ацидофилус (ACIDOPHILUS)Лактобацил ацидофил или само ацидофил како што е општо познат е извор на пријателски настроени цревни бактерии.
Достапен е како ацидофилна култура, инкубирана на соина, млечна или квасна основа. Многу лекари препишуваат ацидофил на пациентите кои земаат перорални антибиотици, затоа што антибиотиците ја уништуваат корисната цревна флора, често предизвикувајќи пролив, како и зголемен раст на габи, како Candida albicans. Оваа бактерија може да се развие во цревата, вагината, белите дробови, устата, прстите и под ноктите, а обично исчезнува по неколку дена редовно земање ацидофилна култура. Со секојдневно користење на ацидофилус, како додаток на исхрана може да се постигнат следниве ефекти: -нормализација на корисната цревна флора (по примање ацидофилус) -ги одржува цревата чисти -ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции, односно го јакне имунолошкиот систем, кој слабее во текот на годините -помага на жените кои се наоѓаат во менопауза, кои се подложни на инфекции -го држи под контрола растот на бактериите, вклучувајќи ги и вагиналните -го олеснува варењето на храната -го отстранува непријатниот здив, одржувајќи ги цревата чисти. |