име на производот: Глукозамин Хондроитин се употребува како додаток во исхрана, се зема по една капсула на ден или по препорака на доктор содржи 60 капсули цена: 1400 денари нарачка |
Глукозамин Хондроитин (Glucosamine Chondroitin 2X double streng)Остеоартритисот или дегенеративната болест на зглобовите и колковите ги погодува 40% од жителите на Европа. Заради сè подолгиот животен век и нездравиот начин на живот, почести се дегенеративните болести на зглобовите. Во нормални околности, рскавицата на зглобот непрестајно се троши и се обновува, а болеста настанува ако обновувањето оди побавно од трошењето.
Артрозата, пропаѓање на рскавицата, најчесто се појавуваа по 40 години живот, а може да го зафати кој било зглоб. Болката на треба да се трпи. Првите знаци се чкрипење и болка при движења, како и воспалување на зглобовите со потекување и ненадејни закочувања. Болеста не може да се излечи, но со лекови и терапевтски вежби може да се намали болката, отокот, за да се одржи раздвижувањето на зглобот. Лековите против болки кои ја поттикнуваат обновата на рскавицата, артрозата ќе ја држат под контрола, а воспалувањето на зглобните ткива може да се спречи со одржување на идеална тежина со правилна прехрана. Зглобовите страдаат поради прекумерна тежина. Делување на лековите против воспаление Денешните најчесто користени лекови таканаречени нестероидни антиревматици имаат цела низа на штетни влијанија како што се: а) Не делуваат на причината, само ја ублажуваат болката б) Нивната долготрајна промена предизвикува непожелни нус-појави ц) Го оштетуваат желудникот д) Некои од нив ја намалуваат густината на коските, го оштетуваат џигерот и бубрезите Решението на горе наведените проблеми се наоѓа во: промена на исхраната и користење на природни средства. Глукозамин е природно средство извадено од школки и ракови кои ја поттикнуваат регенерацијата на рскавицата. Самиот глукозамин е природна содржина која се создава во нашето тело од глукоза и амино киселина глутамин. Со тек на годините можноста за негово создавање опаѓа, па се намалува и регенерацијата на рскавицата. Глукозаминот е основен градбен елемент мукополисахарид (како што се глуказоминглукони и протеоглукони) кои ја прават основната структура на рскавицата, ноктите, косата и кожата. Со влез на глукозаминот однадвор и зголемување на неговата количина, во организмот се зголемува активноста на хондроцитите. Глукозаминот делува како сунѓер, туркајќи ја течноста во мрежестата рскавица. Течноста којашто се наоѓа во рскавицата ги извлекува нутритиентите од околните коски и ја храни рскавицата од истите со што ја потпомага регенерацијата на рскавицата. Рскавицата на зглобовите нема сопствена исхрана од крвта, па нејзините потреби треба да бидат надополнети од неговите ткива. Хондротинот е поголема молекула од глукозаминот и поради тоа помалку се апсорбира од глукозаминот. Која е нивната улога? 1. Глукозаминот и хондроитинот се примарни компоненти протеогликони 2. Протеогликоните овозможуваат рамка за калоген и врзуваат доволно вода, еластичен слој кои делува како лубрикант и амортизер, па ја штити рскавицата со зајакнување на флексибилноста. отскочноста и резистентноста на компресијата која е нужна за да се оттргне на физичкиот стрес. 3. Глукозаминот исто така ја инхибира деградацијата на протеогликоните и ја стимулира нивната синтеза. Глукозаминот е присутен во облик на сулфат, хлорид и др. Денес постојат сознанија дека сулфатната содржина е важна како донатор на сулфурот. Изработена е и една отворена, компоративна студија за глукозамин во однос на ибупрофен на 252 лекари и 1506 пациенти. Како и што беше за очекување, ибупрофенот значајно ја намалува болката во тек на првата недела на испитување, ама неговата делотворност опаѓала, додека глукозаминот од почеток делува послабо сè до третата недела каде се изедначува со ибупрофенот и потоа болката и понатака се намалува додека ибупрофенот станува сè помалку делотворен. |