Ама јасно е дека неговата способност е клуч за нашето здравје.
Црниот дроб (џигерот) е најважен метаболички орган во телото.Помеѓу останатите задачи, има задача и прочистување
на крвта од токсините и отровите.
Денешниот свет е сменет од светот во кој некогаш живеевме.Уште пред стотина години сите работи со кои човекот се среќаваше, доаѓаа од растителниот свет. Во Нашиот модерено време створивме илјадници хемиски материи,кои не постојат во природата.Многу хемиски материи се дел од нашата исхрана(конзерванси,ароми,боји).Другите ги внесуваме со лекарствата,кои многумина од нас секојдневно ги користиме.
Хемијата се користи и во козметиката,средствата за чистење,текстилната индустрија итн.
Сите тие хемикалии секојдневно проаѓаат низ нашиот црн дроб (џигер),кој мора да се носи со оваа тежина.Во повеќето случаи нашиот црн дроб (џигер) успева да ја исчисти крвта од овие токсини.
Меѓутоа постојат ситуации каде црниот дроб (џигер) е навистина преоптеретен и потребна му е помош на пример:
-болест на црниот дроб (џигер)
-труење
-претерано конзумирање на лекови
-прекумерно конзумирање на алкохол
-неправилна исхрана во текот на подолг период.